Македонија
24. March 2019 - 11:06

Скопјанец со „пасат“ не запрел пред полицијата, после потерата го уапсија, еве зошто

Вчера околу 19,10 часот од страна на полициски службеници кои извршувале редовни активности од областа на сообраќајот на улицата “Македонско Косовска Бригада“ и улицата “Босна и Херцеговина“ во Скопје, при издадена наредба за запирање на патничко моторно возило “Пасат караван“ со скопски регистерски таблици, возачот не запрел туку продолжил со движење.

Веднаш се преземени мерки и активности за негово запирање и на регионалниот пат Хиподром- Катланово во близина на Сточен пазар возилото било запрено.

Утврдено е дека возилото го управува Р.Б.(27) од Скопје и при преглед во возилото биле пронајдени околу три килограми марихуана.

Лицето било приведено во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.