Македонија
31. March 2019 - 11:59

Скопјанец со автомобил удри во жена- Со тешки повреди итно пренесена на Клиника

Синоќа во 21 часот и 30 минути на улица „Душан Тасковиќ“ во Скопје, патничко возило „Шкода октавија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(42) од Скопје, удрило во пешакот 70- годишната Н.Ќ од Скопје.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобила Н.Ќ. и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.