Македонија
4. May 2019 - 11:32

Скопјанец со автомобил излетал од патот, удрил во сообраќаен знак, а потоа во дрво

Дваесет и петгодишен маж од скопското село Арачиново се здобил со тешки телесни повреди, откако со својот автомобил излетал од патот па прво удрил во сообраќаен знак, а потоа и во дрво.

- На 03.05.2019 година во 11,20 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на булеварот “Александар Македонски“ патничко моторно возило „Сеат Ибица“ со скопски регистерски таблици, управувано од А.А.(25) од с.Арачиново-скопско, излетало од коловозот и удрило во сообраќаен знак, а потоа и во дрво. Во незгодата А.А. се здобил со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.