Македонија
14. July 2021 - 10:48

Скопјанец се удави во Преспанското Езеро

Скопјанец денеска се удави во Преспанско Езеро. Неофицијално, станува збор за 65-годишен маж, кој бил пронајден мртов.

По него била организирана потрага откако исчезнал додека пливал во езерото.

Несреќата се случила на плажата “Сливница”, каде веднаш била повикана екипа на Итната медицинска помош, а лекарите ја констатирале смртта на скопјанецот.