Македонија
24. April 2017 - 14:49

Скопјанец се обидел да ја убие мајка си, доби притвор од 30 дена

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против П.А. (50) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.

Како што соопшти денеска МВР, во периодот од март до април 2017 година пријавениот секојдневно психички и физички ја малтретирал неговата 79-годишна мајка со која заедно живееле.  

На 11 април годинава П.А. со употреба на физичка сила и вжештена маша и нанел повеќе удари по главата и телото од кои оштетената паднала во безсознание и во критична состојба била пренесена во болница.

Од страна на судија на претходна постапка на П.А. му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.