Македонија
14. November 2018 - 13:18

Скопјанец претепан од три лица: Го удриле со возило, па го нападнале

Синоќа околу 21 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје А.А. (23) пријавил дека истиот ден околу 18.30 часот на улица “Костурска“ додека се движел со патничко моторно возило го удрило друго возило.

По настанот од возилото излегле три непознати лица, кои физички го нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.