Македонија
21. јуни 2018 - 14:25

Скопјанец поради долг киднапиран и затворен во стан во Козле, успеал да побегне и пријавил во полиција

Вчера во 10.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, А.К. (45) од Скопје пријавил дека од претходниот ден од 09.00 часот од ул.„Јуриј Гагарин“ во Скопје бил лишен од слобода од неколку непознати лица, кои го држеле во непознат стан во Ѓорче Петров, поради наводен долг на непозната сума на пари.

Вчера околу 07.30 часот, поради невнимание на едно од лицата, тој успеал да избега.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.