Македонија
20. јуни 2018 - 14:59

Скопјанец погоден со дијабола додека се движел по улица, од старец одземена воздушна пушка

Вчера во 13.15 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, З.С. пријавил дека, додека се движел по ул. „Борка Талевски“ со една дијабола бил погоден во пределот на раката.

По преземени мерки било утврдено дека лицето кое пукало од воздушна пушка е Ѓ.С.(63) од Скопје.

Тој бил приведен во полициска станица, а пушката била одземена. 

По целосното расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.