Македонија
6. јуни 2016 - 8:54

Скопјанец почина во бизарна несреќа, загинаа многу лица - крвав викенд во Македонија

Многу трагедии и несреќи овој викенд ја потресоа Македонија.

Завчера околу 17 часот и 50 минути било пријавено дека во селото Нова Брезница–во близина на фармата за биволи, бил пронајден починат 61-годишниот А.О. од Скопје кој имал повреди во пределот на стомакот, нанесени најверојатно од бивол. 

Едно лице го загуби животот, а уште три се тешко повредени во сообраќајната несреќа што се случи на локалниот пат Тетово-Требош, во близина на натпатникот за ова село.

Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски информира дека патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ управувано од 33-годишниот Р.С. од Требош, од засега неутврдени причини загубило контрола, излетало од патот, се превртело и удрило во блиските дрвја.

– Од превртувањето и удирањето, возачот и тројцата сопатници во возилото, петнаесетгодишно момче и две жени Е.А.(20) и Е.А.(23) здобиле тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Клиничка болница-Тетово, како итни случаи веднаш биле пренесени на скопските клиники. Околу еден часот по полноќ, дваесетгодишната сопатничка Едона А. како последица на здобиените повреди починала, а и другите тројца се во сериозна здравствена состојба, рече Јосифоски.

Вкупната материјална штета се проценува на околу сто и педесет илјади денари.