Македонија
20. November 2018 - 20:15

Скопјанец почина среде улица во Карпош 3

Вчера во 13.28 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека на улица „Карпошово Востание“ бил пронајден починат П.П.(69) од Скопје.

Според пријавеното, тој додека се движел по улицата му се слошило и паднал, а случаен минувач повикал Итна медицинска помош, која само констатирала смрт без траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.