Македонија
17. August 2021 - 12:14

Скопјанец паднал од мопед и тешко се повредил

Вчеравечер во 21.30 чaсот на ул.„Радишанска“ во Скопје, мопед „хамачи“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.М.(36) од Скопје, изгубил контрола и паднал на коловозот, соопштија од МВР.

По незгодата Т.М. бил пренесен во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.