Македонија
7. јуни 2018 - 10:40

Скопјанец ноќеска тешко повреден при пад од мопед

Триесет и двегодишниот А.Б. од Скопје ноќеска се здобил со тешки повреди при пад од мопед марка „Вангје“ со скопски таблици откако изгубил контрола врз моторот со кој управувал на пешачката патека во Градскиот парк.

Како што соопшти МВР, сообраќајката во 2:30 часот била пријавена во Секторот за внатрешни работи Скопје.

- Од незгодата со повреди се здобил мотоциклистот, кој со друго возило бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, за укажување лекарска помош каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди, наведуваат во МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.