Скопјанец нападнат со нож пред својот дом, причината банална
Вчера во 21.20 часот во Скопје А.Н. (43) пријавил дека пред својот дом на улица „Миладин Поповиќ“ бил физички нападнат од страна на неговиот сосед З.З.(30) кој при нападот имал нож во раката. Откако соседите се обиделе да го оттргнат од нападот на З.З. му паднал ножот, а го кренала сопругата на А.Н. При обидот З.З. да и го одземе си нанел расекотина на раката, меѓутоа не успеал во намерата. Причина за нападот е тоа што пријател на А.Н., кој бил кај него на гости, го паркирал своето возило на уличката по која требало да помине З.З. и изреволтиран од тоа што требало да го почека пријателот на А.Н. да излезе и да го препаркира возилото, го нападнал оштетениот. Извршен е увид и ножот е одземен за вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени