Македонија
20. јуни 2021 - 18:09

Скопјанец нападнат од пет лица поради недоразбирање во сообраќајот

Вчера во 22.26 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на подрачјето на Карпош, по претходна расправија поради сообраќајно недоразбирање,  Б.Л.(52) од Скопје бил физички нападнат од И.Т.(23) од Скопје, Б.А.(24) од с.Сарај, скопско, и уште три лица, при што биле употребени тврд и остар предмет, соопштија од МВР.

Според пријавеното, бил нападнат и И.Р.(26) од Скопје, при обид да ги раздели. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.