Македонија
12. October 2020 - 12:49

Скопјанец лишен од слобода поради марихуана

Скопјанец бил приведен во полициска станица Центар откако полицајците кај него пронашле марихуана.

На 11.10.2020 околу 16.00 часот на подрачјето на Центар, во близина на Средно Водно, од страна на полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода Е.Ш.(28) од Скопје, бидејќи при преглед кај него била пронајдена марихуана. Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Центар за понатамошна постапка, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.