Македонија
2. September 2020 - 16:26

Скопјанец измамен за 2800 евра

На 01.09.2020 во 21.00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(69) од Скопје пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 2800 евра. Според пријавеното, околу 09.00 часот му се јавило лицето кое му кажало дека неговата ќерка прегазила дете – мигрант и требало да даде пари за да и помогнат. Според пријавеното, околу 15 минути подоцна пред зграда во Скопје М.Ј. на непознатото лице му дало 2800 евра, но откако се јавил на неговиот син сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.