Македонија
1. August 2019 - 12:33

Скопјанец изгубил контрола над автомобилот, па удрил во паркирано возило

Рано утринава околу 02 часот и 15 минути во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ скопјанец изгубил конрола над автомобилот па удрил во паркрано возило и се здобил со повреди.

Според пријавеното, Ф.К. (23) од Скопје управувајќи патничко моторно возило марка „Опел корса“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола и излетал од коловозот, по што удрил во паркирано патничко моторно возило марка „Шкода Фабија“.

Ф.К. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники ,, Мјака Тереза’’.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.