Македонија
13. јуни 2018 - 12:28

Скопјанец итно пренесен во болница

Скопјанец итно пренесен во болница откако со својот мотоцикл изгубил контрола и паднал на коловозот. Како што информираат од полицијата , вчера во 14.10 часот на ул. „Беласица“ во Скопје, Р.С. (43) од Скопје, управувајќи  мотоцикл „Трува“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Тој по незгодата со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди, по што бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.