Македонија
8. March 2019 - 10:29

Скопјанец итно пренесен на Ургентно

Скопјанец изгубил контрола и паднал од мопедот,  итно бил пренесен во болница каде му констатирале тешки повреди. Според информацијата на МВР, вчера  во 18,00 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на булеварот “Партизански Одреди“ наспроти Трговскиот центар “Порта Влае“ Б.Л. (61) од Скопје управувајќи мопед „Бенели“ изгубил контрола и паднал од мопедот. Б.Л. бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“, каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.