Македонија
1. July 2020 - 15:16

Скопјанец им се заканувал на внуците врзувајќи ги за дрво и удирајќи ги со дрвена палка

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Д.(46) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно лице“. На 28.06.2020 околу 12.30 часот во Скопје, на ул.„НаумНаумовски Борче“ во Градски парк пријавениот, со употреба на внатрешна гума од мопед, го заврзал за дрво својот малолетен внук, додека малолетната внука ја удрил по главата и упатил закани со дрвена палка, по што настанот бил снимен и пријавен од страна на очевидец.