Македонија
24. March 2019 - 11:14

Скопјанец го запали својот дом

Ноќеска во 00,15 часот во СВР-Скопје С.Ф. пријавила дека на улицата “Челопек“ нејзиниот девер И.Ф.(53), во една од собите во куќата предизвикал пожар.

Пожарот бил локализиран од семејството и опожарена била собата каде што живеел И.Ф.

Повредени лица нема.

Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден.