Македонија
1. August 2020 - 14:04

Скопјанец го удрил со возило неговиот малолетен внук

27-годишен скопјанец во с.Батинци со патничко моторно возило го удрил сопствениот малолетен внук. Од МВР соопштуваат:

„На 31.07.2020 во 12.30 часот било пријавено дека пред дворно место на ул.„3“ во с.Батинци,скопско, Р.Б.(27) од с.Цветово, скопско управувајќи патничко моторно возило „пасат“ удрил во негов малолетен внук од с.Цветово.

По незгодата, малолетникот бил пренесен од возачот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.“