Македонија
8. January 2019 - 14:50

Скопјанец физички нападнал девојка додека била кај него

Скопјанката Ж.Г. (38) вчера вечерта пријавила дека додека била во домот на А.С.(30) во село Сопиште-скопско, тој физички ја нападнал и и го одзел мобилниот телефон.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.