Македонија
6. December 2021 - 12:52

Скопјанец фатен на дело додека пробувал да краде во зграда на правно лице

На 04.12.2021 на ул.„Македонија“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Џ.Х.(24) од Скопје.

Тој бил затекнат при извршување „тешка кражба“ во зграда на правно лице. Украдените предмети му биле одземени и вратени на правното лице. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.