Македонија
12. јуни 2019 - 17:28

Скопјанец добил смс дека малолетниот син му е грабнат

Вчера во 19.50 часот во СВР Скопје, 48-годишен маж од Скопје пријавил дека добил порака од непознат телефонски број дека неговиот 14-годишен син бил грабнат.

Веднаш се преземени соодветни мерки и момчето е најдено кај друг малолетник.

Малолетникот е приведен во полициска станица. Известен е јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.