Македонија
5. December 2015 - 12:19

Скопјанец без повод и причина претепан пред Капитол Мол

Ноќеска околу 01,30 часот во Скопје на бул.„Јане Сандански“ поточно во угостителски објект во ТЦ Капитол Д.Ѓ.(37) без повод и причина бил физички нападнат од страна на неколку непознати лица по што истиот бил пренесен во ГОБ„8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош каде му биле констатирани телесни повреди.
 
Се работи на целосно расчистување на случајот.