Македонија
1. October 2020 - 11:12

Скопјанец баран за казна затвор приведен на „Табановце“

Синоќа во 03.50 часот на Граничен премин „Табановце“, полициски службеници го лишиле од слобода К.С.(48) од Скопје, кој на СТОП-Листа бил регистриран дека е предмет на потрага за издржување на казна затвор, соопштија од МВР.

Лицето е предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.