Фудбал
16. October 2017 - 10:48

Скок на Македонија на 85.место на ФИФА ранг листата

Фудбалската репрезентација на Македонија се проби меѓу првите 100 селекции на ФИФА ранг листата откако на последното рангирање објавено денеска има скок од 18 места и се наоѓа на 85.та позиција.
Ова се должи на добрите резултати последните четири од квалификациите кога најпрвин во септември го победивме Израел и одигравме нерешено со Албанија и во октомври по ремито со Италија и триумфот над Лихтенштајн.
 
Во топ 10 се наоѓаат: Германија, Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Полска, Франција, Шпанија, Чиле и Перу.