Бизнис
17. April 2019 - 20:08

СКМ: Заеднички гранични контроли на транспортот кон Албанија и Србија да почнат од 1.Октомври

Транспортерите бараат заедничка контрола на граничните премини. Истражувањето на Стопанска комора покажува дека на граничните премини кон Србија и Албанија камионите чекаат долго што ги чини и време и пари. Затоа бараат конечно да се реализира прокетот за кој се зборува цела деценија и да се вршат заеднички контроли почнувајќи од 01 октомври.

Истражувањето кое комората го спровела во понеделникот на граничните прмеини Табановце и Ќафасан покажува дека камионџиите може да чекаат и подолго од еден ден ако стоката што ја носат бара и фитосанитарен и ветеринарен преглед.

На Табановце проблем прави тоа што српските фитосанитарни и ветеринарни инспектори не работат за викенд, а на Ќафасан по истекот на работното време доаѓаат сако ако транспортерот се најави.

На Табановце се создава и тесно грло затоа што иако од макеоднска страна има втора така наречена “зелена лента“, на српска страна таква не постои и камионите преминуваат во единствената лента.

На Ќафасан пак се прави метеж затоа што албанската страна се скенираат камионите.

За разлика од слабостите на српските и албанските служби, бројките за работата на макеоднските гранични власти пак се задоволителни. Контролата покажала дека камионите на македонска страна чекаат само по неколку минути. Посетата на претставниците на комората било најавено што може да е причина за експедитивноста на македонските служби, велат од таму и апелираат почесто да има контроли на граничните премини за поефикасно да се работи.