Спорт плус
10. January 2016 - 19:42

Ски скокови: Доминација на Превц во Вилинген

Словенечкиот скокач  Петер Превц по  триумфот на новогодишните „Четири скокалници“, тој успеа да триумфира и во Вилинген, Германија во рамки на Светскиот куп.
 
Превц до четвртата победа по ред дојде со скокови од 148,5 и 145,5 метри. На втората позиција заврши норвешкиот скијач Кенет Гангнес  додека третопласиран е Германецот Северин Фројнд.