Македонија
11. February 2016 - 16:36

Ски центарот ,,Кожуф‘‘ демантира дека Латас има имот и бара извинување од Заев

Имотниот лист со кој Заев тврдеше дека Латас поседува огромен плац на Кожуф или е фалсификат или пак не постои. Ски центарот Кожуф во демант испратен до лидерот на опозицијата тврди дека главниот и одговорен уредник на Сител не поседува имот на Кожуф и бара извинување од Зоран Заев на нанесените штети на угледот на компанијата.

„Доколку немате доблест да го сторите тоа, на наше големо жалење, ќе мора да покренеме судска постапка против вас заради давање лажна изјава што претставува клевета  против нашата компанија.“ –стои во демантот потпишан од извршниот директор на АД Ски центар Кожуф Ангел Наков.

Обидите да се монтираат афери не се ништо ново во опозициската СДСМ. Фалсификување на имотни листови е воспоставена дисциплина во позициските редови што го докажа и фабриката за афери на СДСМ каде прво осомничен е сопартиецот и близок пријател на Заев, Захир Бекири Чаушот со кого лидерот на СДСМ како што вчера објави Сител контактирал 60 пати за само неколку месеци. Интересно е имало и контакти меѓу братот и сопругата на Чаушот со Заев истиот ден кога полицијата ја реализираше акцијата со која Фабриката за афери на СДСМ отиде во стечај. Имено, Сител вчера објави дел од скандалозните пораки кои на Вибер Заев ги разменувал со сопругата на Чаушот. Во нив може да се види дека Заев добро бил запознаен дека се фалсификуваат лични карти кои треба да се користат за да се обвини власта за нерегуларни избори. Тој и порачува на сопругата на Чауш да не се грижи и дека се ќе негираат. Дека од аферата нема да има ништо бидејќи знае кој стои зад нив.
Сител вчера објави и дека фирмите на Заев за време на власта на ВМРО-ДПМНЕ свртеле неверојатни 205 милиони евра а само за две години сумата надминала 40 милиони евра.
Заев соочен со фактите не бираше зборови. Неговиот вчерашен настап на Сител заврши со серија навреди упатени кон новинарите и главниот уредник на телевизијата но и кон српската заедница која денеска реагираше преку претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија

„Србите во Македонија  не очекуваат  никакво извинување од лидерот на опозицијата затоа што таквите навреди имаат своја предходна историја  во нивните настапи, дури и во Собранието на Република Македонија од страна на Радмила Шеќеринска.  Но, вистинското прашање е  што очекуваат Србите  во СДСМ после ваквите навреди на национална основа?  Да не е можеби дојдено времето и тие да се оградат од нивниот лидер или  можеби го напуштат СДСМ, ако веќе не им здосади да  јаничарат  против сопствениот народ.“ – стои во писмената изјава на Иван Стоиљковиќ.

По вчерашното интервју на Заев за Сител на Бихаќа владее паника. Никој веќе нема дилема дека Заев бил во директна координација со Чауш во фабриката за афери, а комплетно е се разобличени и тендерските бизниси на кланот Заеви. Токму затоа, СДМС денеска пред Сител ги испрати на протести Турците од редовите на партијата на Ердоган Сарач кои заедно со членството на СДСМ го искажаа својот револт пред телевизијата за изјавата за која Латас се извини во последниот телевизиски Дневник.