Ски-центарот Банско веќе нема да употребува пластика за еднократна употреба
Скијачкиот центар Банско влегува во историјата, како прв каде веќе нема да се употребуваат пластични производи за еднократна употреба, соопшти денеска концесионерот на скијачкиот центар „Јулен“.
Пластичните шишиња во рестораните ќе бидат заменети со стакло, а чашите за кафе со картонски. Линиите за јадење ќе бидат од материјал кој може да се разложи 100, а сламките и мешалките ќе бидат од бамбус.
- Сите промени се дел од еколошката стратегија на „Јулен“. Уште од 2012 година во ски зоната воведовме систем за одделно собирање на отпадот. Сега сме цврсто решени да се вклучиме во светската битка со пластиката, изјави Радослав Дурчов од „Јулен“. Тој соопшти дека само од почетокот на годината во центарот се собрани и предадени над 1,3 тони пластичен отпад.
- Целта ни е овој штетен отпад да биде максимално намален и поради тоа ја отстрануваме пластиката од употреба, истакна Дурчов .
Посебни контејнери за собирање на отпад, со јасни ознаки, веќе се поставени во одморалиштето.
- Употребата на стаклена амбалажа ќе ги зголеми нашите трошоци, но категорични сме дека заслужува поради битката со пластиката, рече претставник на „Јулен“.
Ново на Сител
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка