Живот
30. July 2015 - 16:24

Скенирале статуа стара 1000 години - Тоа што го пронашле ќе ви ја заледи крвта!

Научниците пронашле нешто незамисливо кога пред неколку месеци ја прегледале статуата на Буда стара 1.000 години од Кина: во неа се наоѓал мумифициран монах кој, се претпоставува, умрел за време на медитација. Не се работи за неговиот скелет, туку за целосна мумија, без органи, која седи во позиција лотос.

Мумијата е откриена во празнината на статуата откако приватен колекционер го однел кај експерти за реставрација, пишува СиЕнЕн.

Тим на истражувачи и научници ја скенирале статуата и ја нашле мумијата.

- Верувавме дека ќе има белодробно ткиво, но наместо тоа откривме мали парчиња хартија прекриени со кинески букви, изјави Винсент ван Вилстерен, куратор во музејот Дрентс во Холандија.

Исто така е откриено дека мумијата седела на ткаенина која исто така била прекриена со кинески букви. Мумијата била будистичкиот монах по име Ликван.

Но како мумијата настанала уште не е познато. Можно е да ја поминал практиката на само - мумифицирање која била норма во Јапонија, Кина и Тајланд пред повеќе од 1.000 години. Можно е неговите посмртни останки подоцна да се ставени во статуата.