Македонија
18. November 2021 - 12:17

Скендер Реџепи: Начелно верувам дека Алтернатива ќе биде дел од Владата

Пратеникот и член на Алтернатива Скендер Реџепи за Слободен печат изјави дека верува Алтернатива ќе биде дел од Владата.

-Начелно верувам дека Алтернатива ќе биде дел од Владата. Разликите во партијата се истопија и очекувам органите на партијата да донесат одлука за влез во Владата, но сепак ќе почекаме до конечната одлука. Интеграцијата на земјава во ЕУ е приоритет пред уривањето на Владата. Верувам дека предност ќе дадеме на евроинтеграциските процеси, како и на остварувањето на програмата на Алтернатива која им ја вети на граѓаните и на нашите избирачи, рече Реџепи.

Реџепи му одговори и на генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, кој во гостување на телевизијата Шења рече дека Алтернатива и да влез во власта ако опозицијата создаде парламентарно мнозинство од 61 пратеник партијата на Гаши ќе гласа за уривање на Владата.

-Таравари сигурно мисли на Беса, а зборува за Алтернатива. Ние сме Алтернатива, не сме Беса. Ако Алтернатива одлучи да биде дел од власта тој договор ќе важи до крајот на мандатот на Владата, рече Реџепи.