Скариоло одбра 15 кошаркари за дуелот со македонската репрезентација
Селекторот на Шпанија, Серџо Скариоло, го објави составот кој ќе настапи на дуелот со македонската кошаркарска репрезентација.
Во групата од 15 кошаркари на списокот на Скариоло се најдоа:
Џонатан Бареиро (Уникаха), Феран Басас (Хувентуд), Дарио Бризуела (Уникаха), Квино Колом (АЕК), Алберто Диаз (Уникаха), Дани Диез (Сан Пабло), Жаим Фернандез (Уникаха), Фран Гуера (Тенерифе), Ксабиер Лопез-Аростеги (Валенсија), Жоел Пара (Хувентуд), Хаиме Прадиља (Валенсија), Себас Саиц (Алварк Токио), Микел Салво (Гран Канарија), Јанкуба Сима (Бакси Манреса) и Сантиаго Јуста (Сарагоса).
Се очекува на подготовките да биде и Тајсон Перез од Морбанк Андора кој ќе се приклучи подоцна, соопштија од Шпанската кошаркарска федерација.
Натпреварот ќе се игра на 1 јули во Сарагоса.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК