Македонија
23. January 2017 - 19:22

Скандалозно: За Хјумен Рајтс Воч Македонците не треба да имаат човекови права

Македонците воопшто не влегоа во најновиот извештај на Хјумен Рајтс Воч. Ниту загрозените права на македонските малцинства во соседството, ниту спорот со името не беа оквалификувани како нарушување на човековите права.

Покрај барањата од Македонското меѓународно движење за човекови права до Хјуман Рајтс Воч, која важи за една од најголемите и највлијателни организации за човекови права во светот, да ги осуди од Обединетите Нации спонзорираните преговори за името со цел да се смени името на Македонија, оваа организација го одби тоа.

Бенџамин Ворд, заменик директор на Дивизијата на ХРВ за Европа и Централна Азија како причина го наведе следново: „Ја разбирам вашата загриженост во врска со прашањето за името, но бидејќи тој проблем, кој што е всушност меѓудржавен спор, може да биде поврзан со последиците за човекови права кои што имаат влијание врз македонското малцинство во Грција (или на било кое друго место), не е според нас прашање поврзано со човекови права, бидејќи државите не се тие што имаат човекови права."

Името на државата е во директна корелација со тоа како се нарекува народот. Претседателот на ММДЧП Бил Николов го објаснува тоа:

„Причината што Грција се спротивставува на името на Македонија е заради негирање на постоењето на македонскиот народ во целина, како и прогонување на македонското малцинство во Грција. Тие не сакаат некој тие луѓе да ги знае како Македонци, па името на државата директно влијае врз основните човекови права (и име) на целиот македонски народ. Тоа што го наведувате дека државите немаат човекови права е неприфатливо, затоа што ние зборуваме за луѓето во оваа држава, на кои што дури и етничкиот идентитет не им е прифатен".

Хјуман Рајтс Воч во минатото имаше големо влијание врз прашањата за македонските човекови права, а нивниот историски извештај од 1994

„Негирањето етнички идентитет – Македонците во Грција" му помогна на се' уште непризнатото и прогонувано македонско малцинство да си ги објават своите маки. Како и да е, Македонците воопшто не беа спомнати во годишниот извештај на ХРВ од 2017 година, во делот за Грција, а останатите етнички малцинства беа само летимично спомнати. Во делот од извештајот на ХРВ за Србија / Косово, Македонците исто така не беа спомнати, а за Албанија и Бугарија воопшто немаше извештај од Хјуман Рајтс Воч.

Поради одбивањето да се осудат преговорите за името, Бил Николов им го потенцираше на ХРВ следново: „За жал, Грција се потпира на овие позиции со намера да го негира постоењето на Македонија и Македонците."