Балкан
22. November 2018 - 22:20

Скандалозно: На Косово палеа српска храна

Откако Владата на Косово за 100 отсто ги зголеми царините за стоки од Србија, трговската војна меѓу Приштина и Белград дополнително ескалираше.

На повик на косовскиот премиер Рамуш Харадинај за бојкот на српски стоки, група Косовари меѓу кои беа и политичари запали српски прехранбени производи во градот Дечани.

Српски медиуми тој чин го нарекоа скандалозен.

Снимки од протестот објави на Фејсбук Рифат Стојкај, шеф на парламентарна група на Алијансата за иднина на Косово.

– Ги повикуваме сите жители на Дечани на бојкот на производи од Србија. Поддржете ја таа одлука на владата, напиша во коментар Стојкај.