Македонија
4. December 2019 - 16:46

Скандалозни видеа од македонските школи на социјалните мрежи, ученици дивеат и кршат инвентар

Тепачки, оштетување училишен инвентар, опасни игри се само дел од видеата кои ученици ги поставувале на два профила на социјалната мрежа Инстаграм. Профилите, „Crazy.school.videos.mk“ и „Crazy.school.videos.balkan“ имаа идентични описи, едниот на македонски, другиот на српски јазик. Македонскиот профил го следеле повеќе од 15.000 ученици, а поставени биле 131 видео.:

-За кратко време откако беа откриени, двата профила на Инстаграм, и македонскиот и балканскиот беа избришани. Па, доколку се обидете да ги барате, нема да да ги најдете.

Педагозите велат дека вакво однесување почесто се гледа кај средношколците отколку кај основците. Појаснуваат дека децата во средно многу потешко се контролираат. Прво зашто има многу повеќе ученици, но и поради возраста на учениците.

Психолозите, пак, велат дека македонскиот образовен систем нема начин како да се справи и да им помогне на темпераментните деца. Единствен механизам е казната, што според експертите е голема грешка. Токму казните поттикнуваат вакво однесување.

Според Стојановска, и во минатото учениците се однесувале насилно. Но, појаснува дека поради недостаток на социјалните мрежи тешко се откривале ваквите случаи. Па, информациите останувале во кругот на училиштето и родителите.

Министерството за образование и МВР останаа недостапни за коментар за случајот.

Инаку, вчера 17-годишник од тетовско Желино во пауза меѓу часовите бил избоден од соученик во левата нога. Повредениот малолетник е во тетовската клиничка болница, каде му се укажува медицинска помош.