Македонија
13. April 2018 - 17:15

Скандалозна снимка: Соученици тепаат девојче во училиште во Неготино

Ја вчечат за коса и насилно ја удираат со раце и нозе по телото. На видеото кое денеска се појави на Youtube се гледа како две малолетнички крвнички тепаат соученичка во ОУ Гоце Делчев во Неготино. Додека брутално го малтретираат девојчето останатите деца гледаат, снимаат и навиваат. Дури кога ќе ја турнат на земја тогаш еден соученик почнува да реагира да престанат со насилството.

Од министерството за образование го осудија случајот со насилство во училиштето во Неготино.

- Државниот просветен инспекторат ќе изврши инспекциски надзор во посоченото училиште со цел да се утврди дали училиштето ги презело сите соодветни мерки во однос на настанот. Од училиштето нѐ информираа дека учениците и родителите се повикани на советување и дека случајот ќе биде пријавен во полиција, се вели во ставот на МОН.

Ова насилничко видео отвара многу прашања и дилеми. Како се воспитуваат децата дома и на училиште и колку се безбедни кога се надвор со врсниците. Според психолозите кои ги контактираше Сител ваквото јавно омаловажување и малтретирање може да остави сериозни последици врз психичкиот и физичкиот развој на тепаното девојче и подолго време да има трауми.