Македонија
29. March 2018 - 16:15

Скандалозна присилна наплата од извршител - за долг од 1 денар, му наплатиле 12.000 денари за трошоци

Пензиониран скопјанец треба да плати над 12 илјади денари за долг од еден денар кон топлификација.. Компанијата го дала должникот на извршител поради заостанат долг од минатото па целата постапка завршила со кратење на третина од пензијата, пари со кои е наплатен долгот, наградата за извршителот и услугите на адвокатското друштво.. Случајот ја разбранува јавноста откако налогот за извршување се најде на социјалните мрежи..

Извршителката можеше да го плати тој еден еден денар; Ова е за Гинисови рекорди; Итни измени во законот за извршување – се само дел од коментарите на револтираните граѓани..

И адвокатот Јанаки Митревски вели дека неговите колеги можеле да го платат долгот со што ќе покажеле совесност и стручност, согласно законот за адвокатура..

„Тој кодекс на етика наложува на адвокатите дека при постапување треба да одат на минимални трошоци, односно треба на сопствената странка да не и генерираат трошоци во смисла на давање непотребни предлози и друг тип на превземни дејствија кои генереираат трошоци“, вели Јанаки Митревски, Адвокат..

На постапките за извршување реагира и народниот правобранител.. Ги критикува извршителите бидејќи не воделе сметка за материјалната состојба на должниците..

„ Продолжи праксата на неуредно и ненавремено информирање на граѓаните за постапката за извршување, блокирање на нивните сметки, како и изложување на дополнителен трошок за деблокирање на истите“, вели Иџет Мемети, Народен правобранител..

За случајот се огласи Комората на изршители од каде велат дека во постапката извршителката Моника Мучи ги почитувала сите закони и објаснуваат дека се работело за поголем долг..

„Од причина што должникот со задоцнување го платил главниот долг, а трошоците на постапката во износ од 4.200 денари останале ненаплатени, започнува да тече камата на главен долг. Со оглед на тоа доверителот пресметал законска казнена камата во износ од 1 денар во барањето пред извршителот побарал и исплата на трошоците содржани во платниот налог издаден од нотарот“, пишуваат од комората на извршители..

Поради низата реакции за работата на извршителите, минатата година се промени законот за извршување но дел од измените ги укина Уставниот суд..