Скандал во Фулам: Полицијата упадна во тренинг центарот и уапси фудбалер
Напаѓачот на Фулам, Абубакар Камара е уапсен поради обвинение за нанесување на телесна повреда на вработен во клубот.
Локалната полиција соопшти дека во понеделникот наутро бил уапсен 20-годишен маж за тепачка на тренинг базата на лондонскиот тим.
Камара пристигна на „Крејвен Котиџ“ од Амиен во текот на летото на 2017-та и беше дел од тимот, кој помогна на „котиџерс“ да се врати во Премиер лигата минатата сезона.
Тој се прослави со скандалозното однесување при успехот над Хадерсфилд (1:0) порано во сезоната, кога ја зеде топката од рацете на стандардниот изведувач на пенали во тимот – Александар Митровиќ, и посака самиот тој да го изведе. Најнепријатното за играчот беше дека промаши, што му навлече огромен број критики како од навивачите, така и од самиот тренер, Клаудио Раниери.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот