Македонија
22. April 2018 - 14:50

Скандал: Синот на Есма приведен поради кражбата во музејот

Симеон Атанасов е осомничен дека по смртта на пејачката крадел уникати, од гардеробата се до урната на нејзиниот сопруг, музичарот Стево Теодосиевски.

Еден од 47 посвоени синови на покојната дива на ромската музика Есма Реџепова, Симеон Атанасов, е приведен под основано сомнение дека го ограбил нејзиниот музеј на скопската тврдина Кале, кој е под заштита на државата.

Како што пренесуваат медиумите, тој наводоно неколу часа поминал во полиција на разговор как осомничен кој има врска со кражбата на работите на Есма - од накит, гардероба, обувки, мебел, па дури и урната со пепелта на нејзиниот сопруг Стево Теодосиевски.

-Полицијата дојде со сознание дека синот на Есма имал клуч од музејот и дека со својата љубовница Елеонора ги зел сите уникати во вредност од неколку десетици илјади евра, поради што во тек е истрага. Тој смета дека сета оставина е негова, па со помош на тестаментот се обидел се да приграби, елиминирајќи ги останатите деца. Имал намера да ја земе и зградата во која е музејот, но државата не му дозволила. Затоа одлучил со кражба да дојде до богатството и решил да го ограби музејот и да прибере се за себе, велат блиски од семејството на Есма.

Според информациите на МВР, првата кражба се случила по смртта на пејачката во 2016 година, а полицискиот увид во просториите е направен врз основа на барање на Фондацијата „Есма Реџепова“.

-На 30. март година пријавено е дека во периодот од 12. декември 2016 до 30. март 2018 година непознат сторител извршил тешка кражба во Музејот на Есма на улицата Самоилова, па се преземени мерки за утврдување на одземените предмети и пронаоѓање на сторителот, стои во соопштението на МВР.

Музејот на Есма е поз заштита на државата, а многумина помогнаа парично за да се уреди. Меѓу нив е и пророчицата Клеопатра, која донираше дури 100.000 евра. Есма сиот свој имот, вклучувајќи ја и куќата во која се Музејот и Домот на хуманоста „Стево и Есма Теодосиевски“, во кој живееше, со тестамент и ги остави на државата.

Дури и гробот е запуштен

Есма со сопругот Стево Тедосиевски посвои 47 синови, а по неговата смрт и едно девојче. Она што е тажно е што нејзиниот гроб никој не го посетува. Се е запуштено, а и година ипол дена по нејзината смрт, дури и споменик не и е подигнат. Дури и куќата во која живееше е претворена во ругло.

Извор: Курир.рс