Џет-Сет
29. May 2016 - 11:52

СКАНДАЛ: Познатиот српски пејач одби да однесе жена на породување

Како што дознава српскиот Скандал, познатиот пејач Маринко Роквиќ, кој деновиве е на тапет на медиумите поради вонбрачното дете и караниците со Никола Роквиќ, одбил да помогне на трудница.

Познатата фолк ѕвезда на Србија одбила со својот автомобил да однесе девојка која се пораѓала.

- Тој е лош и скржав човек. Не е таков каков што се претставува. Како би му било неговата снаа некој да не ја однесе на пораѓај? Мојот сосед проли солзи поради него. Кој човек одбива да одвезе трудница во болница?, вели извор за Скандал.

Маринко се нема огласено по овие обвинувања.