Балкан
6. August 2015 - 16:33

Скандал: На националистички концерт илјадници Хрвати скандираат „Убиј го Србинот“

Неколку десетици луѓе синоќа, во рамките на одбележувањето на 20-годишнината од операцијата Олуја во Книн, присуствувале на концертот на контроверзниот пејач Марко Перковиќ Томпсон, на кој публиката го скандирала усташкиот поздрав „За дом спремни“ и „Убиј, убиј го Србинот“, пренесува Индекс.

Хрватските медиуми пренесуваат дека организаторите на концертот очекувале да се појави и претседателката Грабар-Китаровиќ, што сепак не се случило.

Во ВИП ложата бил забележан нејзиниот сопруг Јаков, а му се придружил и претседателот на опозициската ХДЗ Томислав Карамарко.

Томпсон концертот го почнал со извикот „За дом“, на што многумина од публиката му возвратиле со „Спремни!“, а за време на говорите се слушало урлање „Убиј го Србинот!“ (Ubij Srbina), пренесува Индекс.