Живот
21. December 2015 - 8:51

Скандал на Мис Универзум, убавицата со плачење замина од бината

Добитничка на престижната титула „Мис Универзум 2015“ е 26-годишната Филипинка Пиа Алонсо Вурцбах, јави ТАСС.

Финалето на натпреварот сепак беше ставено во сенка поради направена грешка. При прогласувањето на победничката  на „Мис Универзум“ прво беше прочитано името на претставничката на Колумбија, 21-годишната Аријадна Гутиереш Арева.

На главата веќе и беше ставена и победничката  круна кога водителот Стив Харви почна да се извинува дека погрешно го прочитал името од ковертот со резултатите.