Фудбал
17. October 2017 - 14:29

Скандал на фудбалски натпревар: Летаа риби, бомбардирани трибините на противничките навивачи

Во дуелот меѓу клубовите Карл Цајс Јена и Ханза, гостувачките хулигани од Рошток направија несекојдневна сцена.

Бидејќи Рошток е град на брегот на Балтичкото море, тие донесоа голем број угинати риби и со нив ја „бомбардираа“ трибината со домашни навивачи.