Живот
12. November 2015 - 14:18

Скандал: На Фејсбук се појави страница со полуголи средношколки

На Фејсбук пред два дена е креирана страницата "Sarajevo Glamour", на која се објавувани фотографии и имиња на девојчиња од сараевските средни училишта во експлицитни пози, а често и во долна облека.

Страницата набрзо е тргната, меѓутоа е направена нова "Sarajevo Glamour 2", на која авторите најавуваат дека набрзо ќе покренат и сопствен портал и форум на кој ќе продолжат да објавуваат експлицитни фотографии од девојчиња.

На страницата се објавувани и слики од интимните контакти на девојчиња со девојчиња или момчиња, со бројни коментари неадекватни за нивната возраст.

Имало и коментари со кои се осудува оваа злоупотреба.

Припадниците на одделението за сајбер криминал на Федералната управа на полицијата добиле пријава за постоењето на првобитната страница „Сарајевски Гламур“по што ова спорна страница е угасена.