Живот
16. December 2016 - 12:11

Скандал на државната телевизија: Пуштија порно во ударен термин

Во ударен термин Федералната телевизија на Босна и Херцеговина неодамна го емитува документарниот филм наречен „Пуси риот панк молитва“, во кој се прикажуваат и сцени од групен секс. Весникот „Дневни аваз“ пишува дека скандалозен речиси порнографски материјал е емитуван во ударно време, а за тоа ги обвинува директорот на телевизијата, Џемал Сабиќ, и уредничката Амра Бризна.

Дејството на филмот се одвива околу познатиот феминистички панк-рок бенд од Москва, познат по провокативните настапи што често предизвикуваат скандали.

„Во филмот во неколку наврати се прикажува порнофилмот на една девојка која е член на оваа група. Во спорниот филм дури се појавува и бремена жена која учествува во сцените со групен секс“, пишува „Дневни аваз“. 

„Фактот дека станува збор за јавен сервис, платен од страна на граѓаните, ја прави оваа одлука на директорот и на уредничката на телевизијата уште поскандалозна. Прашањето е дали граѓаните плаќаат јавен сервис чија програма може трајно да ги трауматизира нивните малолетни деца“, стои во текстот објавен од страна на дневниот весник во Босна и Херцеговина.