Живот
8. July 2015 - 12:43

Скандал: Фризерки шишале топлес

Руската полиција ги истражува фризерските салони откако е откриено дека во еден московски салон некои фризерки своите муштерии ги шишале голи.

Специјалната услуга која чини 70 евра, односно двојно повеќе од нормалната цена за шишање, е откриена во еден московски салон откако еден пијан муштерија упаднал во центарот за аутистични деца кој се наоѓал врата до врата.

-Не можевме децата да ги пуштиме слободно да си играат на игралиштетот, имаше премногу пијани кои влегуваа во зградата, вели Људмила Михаилова која раководи со детскиот центар.

Се создавала гужва пред салонот па поради тоа морале да ја алармираат полицијата.

Полицаец во цивилка влегол на тајна задача во салонот носејќи скриена камера за да собере докази.

Зел и дополнителна опција за која платил 140 евра, а тоа е и клиентот да биде гол додека го шиша гола фризерка.

-Кога ќе влезете внатре ве пречекува девојка која ви нуди кафе и флертува со вас. Тогаш светлата се пригушуваат. Се работи се од педикир, маникир до шишање. Што повеќе седиш на столица, цената е поголема, вели еден од клиентите.

Истрагата продолжува.