Македонија
31. January 2017 - 15:36

СКАНДАЛ: Финансиски малверзации на СДСМ – за реклами и пропаганда потрошиле 4 пати повеќе од тоа што пријавиле

Финансискиот извештај на СДСМ од последната изборната кампања отвора повеќе сериозни сонежи за малверзации, манипулации и отворени финансиски злоуотреби за кои кривично може да се одговара, објави порталот „НетПрес“.

Дузина неправилности и нелогичности говорат дека најголемата опозициска партија СДСМ реално не ги прикажала расходите, но и во исто време тоа открива сомнеж дека е плаќано се нечисти пари во готово заобиколувајќи ги законските процедури.

Во двата финансиски извештаи објaвени на Државниот завод за ревизија, за првиот и вториот дел од кампањата, a на кои стои печатот на СДСМ се прикажуваат нереални ниски суми за повеќе ставки, објави НетПрес.

Имено според извештајот СДСМ за издатоци за реклами и пропаганда, во што спаѓаат рекламите на партијата по телевизиите, радијата, веб порталите, весниците, билбордите, во некои сегменти и принт на флаери, потрошиле само 510.842 евра (31,422.960 денари). Но, ако се земат во предвид ценовниците за реклами по секунда на телевизиите, ценовниците за огласи по весниците и за билборди, суми кои беа еднакви за сите политички партии и претходно транспарентно објавени, и доколку тие суми се пресметаат со реалното време и простор кое СДСМ го потрошило за таа намена, ќе се дојде до сума дека само за реклами на телевизии и билборди реално потрошиле 815.388 евра, што е за 304.546 евра повеќе од објавената сума во финансискиот извештај на СДСМ.

SDSM2A

Со други зборови СДСМ реално потрошил 40 отсто повеќе од сумата која е објавена во финансискиот извештај. Дотолку повеќе што во оваа сума не се вкалкулирани средствата за рекламирање по весници, радија и веб портали.

Реалните пресметки говорат дека за реклами по весници, радија и портали СДСМ потрошил околу 50.000 евра. Вкупната сума за ставката реклами и пропаганда е 865.388 евра што е далеку, над 40 осто повеќе од онаа што е објавена во извешатјот на СДСМ и изнесува 510.842 евра. Разлика за која што постои очигледен сомнеж дека е платена со црни пари и преставува кривично дело, пишува НетПрес.

SDSM1A

За реклами на национални телевизиии СДСМ реално потрошиле 517.447 евра, од кои најмногу се рекламирале на „Алсат“ – вкупно 20 часа и 5 минути, и „24 Вести“ – вкупно 19 часа 19 минути и 6 секунди.

Реалната сума потрошена за реклами и пропаганда е дури поголема од вкупниот пријавен извештај на СДСМ за целата кампања. Реално СДСМ за реклами троши 865.388 евра, а за целата кампања во фингираниот извештај доставен до Државниот завод за ревизија, во што спаѓаа освен трошоци за реклама и пропаганда , издатоци за репрезентација, интелектуални услуги, закупи на штабови, опрема за митинзи, комунални услуги и греење, пеачи, даноци и провизии  објавуваат дека потрошиле за цела кампања 551.608 евра, што е повторно помалку од реалната сума потрошена само за реклами и пропаганда. Ако ги тргнеме трошоците за пропаганда и реклами значи дека за се друго (издатоци за репрезентација, интелектуални услуги, закупи на штабови, опрема за митинзи, комунални услуги и греење, пејачи, даноци и провизии) согласно извештајот на СДСМ, потрошиле само околу 37.000 евра.

SDSM3A

Многу јасно е дека СДСМ има штелуван извештај со фингирани суми.

Сите познавачи на проблематиката говорат дека станува збор за нереално ниски суми, кои биле пријавени од СДСМ, и невозможно е за реклами и пропаганда да потрошиле само 500.000 евра.

sdsm-izvestaj-celosen-1A

Кривичниот законик на Република Македонија предвидува 5 години затворска казна за вакво дело.

-Според членот од законот, организатор на изборната кампања кој со непријавување на изворот на финансии на изборната кампања, со спречување на надзорот над трошењето на планираните средства, со користење на недозволени средства за изборната кампања, со исплати спротивни на кампањата за финансирање на кампањата или на друг начин го злоупотреби своето со закон определено овластување како организатор на кампањата, ќе се казни со затвор од најмалку пет години затвор.

Со казната од ставот (1) на овој член ќе се казни одговорно лице во правно лице кое нема да пријави донациии други средства за финансирање на изборна кампања.

Нереалното прикажување на трошоците повлекува кривична одговорност, но во исто време ова отвора сомнеж за перење на пари, и пуштање во промет на црни пари со кои очигледно располага СДСМ за да ги покрие трошоците.

Тоа, пак, отвора дилема од каде се тие пари и како стасуваат до СДСМ, што е работа и за Основното Јавно Обвинителство.